И Берлин даде согласност за Македонија во НАТО

Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО и ќе се залага процесот да биде завршен брзо, пренесе „Дојче веле“.



Во Берлин оценуваат дека приклучувањето на Македонија во НАТО е „важно за безбедноста во евроатлантскиот простор“,дека е тоа „важен импулс за натамошна стабилизација на Западниот Балкан“.

Во соопштението на владата во Берлин се изразува уверување дека во февруари земјите членки ќе го потпишат Протоколот.

 „Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени“ се вели во соопштението.

Вчера, согласност за прием на Македонија во Алијансата даде и владата на Бугарија.