По Русија, Македонија се најде на списокот непријателски земји и на Белорусија, чија Влада својата одлука ја објави денеска на националниот правен интернет портал.
Покрја Македонија, на листата се наоѓаат членките на Европската унија, како и САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Исланд, Швајцарија, Лихтенштајн, Албанија и Црна Гора.
Претседателот Алекдандар Лукашенко вчера потпиша указ што има цел „заштита на националните стопански субјекти од задолжување средства од нивните сметки на барање на резиденти на странски држави што вршат непријателски дејства против белоруските правни или физички лица“.





