Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување.

„Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија“, се вели во соопштението од обвиниотелството.
Од обвинителството додаваат дека работат само врз основа на токсиколошки анализи и други вештачења, но нагласуваат дека тие анализи сеуште не се готови. Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето кое се случи во скопска Кисела Вода.

Од домот на семејството, како што информираат од Обвинителство, се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти.
Информациите се дека во питата со праз што ја јадело семејството на 15-ти овој месец се нашол силен инсектицид кој ги затрул сите тројца, а само 55-годишникот успеал да се спаси.





