Антикорупционерите се соочуваат со проблеми прибирајќи ја документацијата за за надзорот над патиштата што ќе ги гради „Бехтел – Енка“ и во скоро време не се очекуваат резултати од предметот што за ова го покрена ДКСК.
Меѓу другото и затоа што самиот договор со американско-турскиот конзорциум е недостапен како бизнис тајна.
Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека договорот бил класифициран по барање на фирмата.
Денеска, вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска рече дека тоа е договор од стратегиски интерес и не смета дека треба да се крие од јавноста.
Антикорупциска вцо меѓувреме прави обиди:
„Ги прибираме податоците и документацијата, малку оди бавно.
Во нашава држава никој не е надлежен за ништо. Така што имаме малку проблеми да го обезбедиме договорот со „Бехтел и Енка“.
Нешто добивме, започната е анализа на податоците, меѓутоа ќе потрае, бидејќи е обемен материјалот и многу е тежок предметот“, рече Катица Николовска – член на ДКСК.





