И Ана Петровска нема да ги повика поддржувачите да гласаат за Шилегов

Ана Петровска, која беше независен кандидат за градоначалник на Град Скопје на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, во претпладневното гостување на телевизијата 24, отфрли можност во вториот круг од локалните избори в недела да ги повика нејзините поддржувачи да гласаат за Петре Шилегов.



На констатацијата на водителот дека аналитичарите гласовите кои ги оствои Петровска на 17-ти октомври ги префрлаат во полза на Шилегов, таа рече дека таквите инсинуации биле отфрлени и демантирани и претходно.

На 17-ти октомври Петровска 4,33 отсто или 9.954 гласови, што според посакувањата во СДСМ би требало да ја надомести разликата во предноста пред Петре Шилегов со којашто во вториот круг влегува Данела Арсовска поддржана од опозициската колаиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Петар Георгиевски-Камиказа од Левица отворено им порача на оние кои го дале гласот за него да не го гласаат Шилегов, а Бени Шаќири кој настапи како кандидат на коалицијата ДОМ/ЛДП, која инаку е дел од владиното мнозинство предводено од СДСМ, рече дека останува на ставот дека „знам за кого нема да гласам, а тоа е Шилегов“.

Повеќе на следниот ЛИНК