Американската Агенција за примена на храна и лекови (FDA – Food and Drug Administration), во четвртокот го одобри новиот тест со антитела за откривање на коронавирусот, прв таков за употреба во САД, јави „Њујорк Тајмс“.
Во моментов достапните тестови се дизајнирани врз база на брис од нос и од грло да откријат фрагменти од гени на вирусот кои укажуваат на инфекција. За разлика од нив, новиот тест бара заштитни антитела во примерок од крвта земен од прст.
Тоа им кажува на лекарите дали пациентот бил изложен на вирусот и дали можеби има стекнато некаков имунитет.
Тоа е важно од повеќе причини, објаснува „Њујорк Тајмс“. Луѓето со имунитет можат безбедно да излеазат од своите домови и да се вклучат во работната сила. Посебно е важно лекарите и сестрите да знаат дали имаат такви антитела.
Како што е познато, потсетува „Плусинфо“ истоветни се и карактеристиките на брзите тестови произведени во Холандија, со кои кај нас врши тестирање клиничката болница „Аџибадем Систина“.






