Алијансата на Албанците може да се приклучи кон владејачкото мнозинство доколку се исполни условот и биде донесен нивниот предлог закон за државјанство, изјави лидерот на партијата Зијадин Села во гостување во емисијата „Политика” на локалната телевизија ТВ Глоби.



„Имаме обврска да ги исполниме ветувањата што им ги дадовме на Албанците кои врз основа на оствареното нè легитимираа. Ние сме сериозни кон ветеното и така постапуваме.

Кога бевме дел од власта во рок од 100 дена го донесовме Законот за јазиците.

Сега рековме дека Законот за државјанство ќе се донесе во рок од 100 дена.

Ова се однесува на комбинаториката ако Алијанса стане дел од мнозинството. Без да се донесе нашиот предлог на Законот за државјанство, нема да прифатиме да станеме дел од владата“, рече  претседателот на Алијансата за Албанците.