На неколку месеци пред изборите нема време за коренити промени на изборниот модел, велат од Алијансата на Албанците кои предлагаат во овој временски период да се корегира изборниот праг и да се воведат отворени листи.
Во однос на една изборна единица, од Алијансата велат дека овој модел никако не би можел да го намали за 9 или 10 пратеници бројот на пратениците Албанци како што тврди ДУИ, пренесува Алсат М..
И од БЕСА поддржуваат отворени листи кои треба да придонесат за поголема демократизацијата во партиите.
Мендух Тачи од ДПА (која е дел од власта) вели дека треба да остане сегашниот изборен модел, но да не се менува бројот на изборните единици.
„Основно – зошто не им одговара на Албанците една изборна единица е тоа дека со една изборна единица првата партија што ќе победи зема бројка од 3 до 4 пратеници повеќе, втората партија исто така, двајца или тројца, а ние знаеме дека во Македонија првата или втората партија се секогаш македонските партии“’, објаснува Мендух Тачи, ДПА.
ДУИ е против воведување на една изборна единица и заедно со ВМРО-ДПМНЕ го блокираат Изборниот закон во Собранието со 6.000 амандмани.
Паријата на Африм Гаши е за една ИЕ како што предлага СДСМ…





