И албанските медиуми го препознаа бугарското его – официјална Софија уценува под превезот на ЕУ

Освен Скопје сега и Тирана е засегната од бугарското его – Бугарија, земја членка на Европската Унија, уценува во име на европските вредности, ја блокира европската интеграција на државите од Западен Балкан. Го користи своето вето за политички интереси, директно влијаејќи на земјите како Албанија и Македонија, пишува албанскиот портал Аргументум.ал.



Откако пред една недела започна пописот кај западниот сосед, не запираат реакции и поплаките од македонското малцинство дека трпат притисоци и им се нудат бугарски пасоши како на пазар единствено со услов да се декларираат како Бугари.  

Албанскиот медиум во коментарот пишува дека Бугарија стана главна пречка за европското патешествие на македонската држава и причина за внатрешно-политичките кризи на оваа земја. Највраќајќи се уште во 2017-тата авторот потенцира дека ниту властите во Скопје,  ниту во Тирана не презеле доволно за да се спречат намерите на Софија.

  • „За жал, низ годиниве ни Владата на Северна Македонија, ни официјална Тирана, ниту пак Европската Унија не презедоа мерки за оваа афера што Бугарија ја правеше со доделувањето на бугарските пасоши (веќе европеизирани)… Од 1945 до 2011 година, кога беше последниот попис, во Албанија нема идентификувано бугарско малцинство. …Во 2017 година Бугарија ги искористи сите механизми што ја принуди официјална Тирана да го вклучи бугарското малцинство во предлог-законот за малцинствата. “

Авторот повторува дека официјална Тирана трпи бугарски притисок кој го има и денеска, а се навраќа и на посетата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која изврши директна пропаганда непосредно пред почетокот на пописот во Албанија кога беше на отворање бугарско училиште.