ЕУ, наводно, сега и не размислувала за проширување бидејќи целиот пазар со дрога и човечки органи е контролиран од страна на албанската мафија, смета Џон Номикос, директор на истражувачкиот институт за европски и американски студии, пишува Република.рс.
Експерти наводно предупредуваат дека во Европа владееле пет албански кланови:
Кланот Рудај се баверл со шверц на оружје дрога, азиланти, како и фалсификувана стока.
На второ место се Кула, Абази, Боричи и Брокај кои се четири кланови поврзани меѓу себе.Тие наводно „работат“ воглавно во Италија со шверц на оружје и проституција.
Кланот Османи бил најмногу е застапен на Косово, Црна Гора, Грција, Турција и во Македонија. Го сочинувале неколку браќа кои ги имале поделено ресорите.
Ќељменди кланот воден од Насер Кељменди кој е осуден на шест години затвор на Косово, се занимава со трговија на хероин и кокаин кој го транспортираат низ Европа.
Кланот Лушња главно оперирал во Турција и чиј водач Алдо Баре служи доживотен затвор, е занимавал со нарачани убиства и кидналирања.
Браќата Бруно и Самир Красничи наводно го водат истимениот клан и работат главно во САД.Нивна специјалност се убиства, кражби киднапирања и изнуда.





