Меѓу уапсените 15 лица во врска со убиството на наставникот Самуел Пати вопетокот во предградие на Париз, притворени се и 4 ученици.



Се верува дека еден или повеќе ученици, веројатно за пари, му покажале на убиецот Абдула Анзаров (18) како изгледа Пати и каде се наоѓа во моментот.

Убиецот, 18 годишниот Чеченец, почина откако беше застрелан од полицијата.

Тој го обезглави наставникот Самуел затоа што на час на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед.