Повратниците во земјава, кои вчера вечер од Менинген слетаа на скопскиот аеродром, по 2, 30 часови лет и со автобуси на „Вардар експрес“ беа транспортиран во карантин, во хотелот „Десарет“ на Охридскиот брег, 12 часа останале без вода, храна и тоалет – сведочи снимателот Самир Љума, кој поради откажана манифестација во Брисел, морал да се врати дома, јавува „Телма“.



Според него, екипажот на авионот им рекол дека може да одат во тоалет, пред да се качат во автобусите и дека можеле да купат вода во авионот, но никој не претпоставил дека тие потреби не ќе можат да ги завршат по слетувањето, .

„Се издржува, се се издржува , само што јас можев да издржам. Но, претпоставувам некој што има здравствени проблеми, на кој му е неопходна вода или храна…Имаше еден патник кој се жалеше дека е дијабетичар и дека му се неопходни храна и вода, но немаше кој тоа да го слушне, вели снимателот Самир Љума.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека при транспортот на патниците може да се појават недоразбирања, за кои тој верува дека треба да се менаџираат на лице место, како во случајот во недостатокот на вода за пиење. Но, повратниците , кај кои, за сега не е дијагностициран Ковид 19,  мора да ги почитуваат мерките за безбедност, во интерес на сите наши граѓани, вели министерот.

Телма