Македонците трба да изедат уште стотици фурни леб, за да им се приближат на Хрватите, но и на земјите од соседството. Просечната нето плата во Хрватска за октомври изнесува 1.178 евра, што е зголемување за 14,6 отсто во номинално изразување и реално за 8,3 отсто на годишно ниво, објави хрватската новинска агенција Хина, повикувајќи се на податоци од националниот статистички институт.

На месечно ниво, просечното нето примање за октомври номинално порасна за 1,9 отсто, а реално за 1,4 отсто.
Највисоки просечни плати за октомври добиле оние кои работат во воздухопловниот транспорт (1.856 евра), а најниски – во текстилната индустријата (756 евра).
Просечната бруто-плата во Хрватска за октомври изнесува 1.630 евра и номинално е зголемена за 2,1 отсто и реална за 1,6 процент на месечно ниво и за 16,8 отсто номинално и за 10,4 проценти реално на годишно ниво. Највисока просечна бруто-плата за октомври е во воздухопловниот транспорт (2.693 евра), а најниска во производството на облека (990 евра).

Кај нас, платите на вработените можат да растат, а државата ќе ги ослободи работодавачите од плаќање на тој дел од придонесите. Ова ќе важи со исплатата на платата за јануари, а како можност ќе се применува од првиот до последниот ден на 2024 година. Сето ова е предвидено во текстот на Предлог законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, подготвен од Министерството за труд и социјална политика, а кој веќе е доставен до Собранието.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен последниов месец од 2023 година изнесува 36.465 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во 2023 година, во споредба со мај 2022 година, изнесува 116,1.





