Иван Бродиќ, хрватски новинар, колумнист, коментатор и уредник на вебстраницата EnergyPress.net, објави дека покренал акција против ботовите од Македонија, барајќи санкции.
„#КакваЕОвааСитуација Испратив предупредувачки писма до клучните амбасади на земјите на Европската унија, утре и до Светскиот еврејски конгрес, како и до претставништвото на Европската комисија во Република Хрватска. Проблемот на од власта платените ботови и тролови од Македонија (нечленка на ЕУ) потпаѓа под директивата #ПротивЛажниВести. Очекувам процедура на покренување санкции“, вели Бродиќ во својот пост на Твитер.






