Хрватски лекар: 45 повредени, 8 тешка состојба по несреќата

45 лица се повредени, 8 потешко а најмалку 10 лица загинаа во тешката несреќа што се случи во утрово во Хрватска, пренесува Газета Експрес.



Директорот на болницата во Славонски брод, Јосип Самарџиќ изјави дека од утрово во болницата се примени 45 лица, кои побарале лекарска помош по тешката несреќа на автопатот кај Славонски Брод.

Осуммина од нив беа тешко повредени.

Официјално досега се загинати 10 патници од косовскиот автобус на компанијата „Дева турс“ кој сообраќал на релацијата Приштина – Франкфурт.