Хрватскиот најчитан медиум ,,Јутарњи” објавува текст во кој наведува дека сопствениците на дискотеката Привилеџ каде беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот имале блиски врски со функционери на СДСМ.

Весникот објавува за фотографија сликана во Собранието на која се сопственикот на дискотеката, пратеникот Дарко Каевски и екс советникот на Заев Филип Андов – Сокол кој сега е директор на затворот во Шуто Оризари.
Јутарњи се сомнева дека овие врски можат да влијаат дали против убијците на Тот ќе се води постапка за убиство или за физички напад со смртни последици и непомагање што се две различни ситауции за кои следуваат многу помали казни.





