Од денеска па во наредните шест месеци, Хрватска ќе претседава со Советот на Европската Унија под мотото „Силна Европа во светот со многу предизвици“, пренесува Ројтерс.
Претседавањето има четири приоритети: Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити и Европа која е влијателна.
За 7 Мај е закажан еформалниот состанок на лидерите од земјите на Западен Балкан на 7 мај во Загреб, кога тема ќе биде и датумот за Северна Македонија за почетокот на преговорите за членство во Унијата.(РСЕ)
Одбележување на почетоткот на претседавањето ќе биде на 9 јануари, кога во Загреб ќе пристигнат членовите на Европската комисија на чело со претседателката, Урсула фон дер Лајен.





