Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 1.165 нови случаи на коронавирус, а 32 лица починале.
Ова е јкависока бројка досега, објави денеска Националниот штаб за цивилна заштита, пренесува Хина.
Бројот на активни случаи во Хрватска 14.734. Меѓу нив, 1.127 пациенти се во болница, од кои 94 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, 52.660 лица се заразиле со корона, од кои 594 починале.





