На социјалните мрежи вчера попладне се прошири видео од тепачка во која млад човек облечен како Дедо Мраз лежи на сред пат.
Кога младиот човек се обидел да стане, му пришол друг млад човек и силно го удрил со нога во главата. После тоа, удрениот млад човек паѓа во несвест на асфалтот.
Локалните медиуми јавија дека нападнатиот бил згрижен во Општата болница Д-р. Јосип Бенчевиќ со тешки повреди на главата.
„Засега се приведени три лица и се води кривична истрага за да се утврди во какво својство учествувале во инцидентот. Четвртото лице побарало лекарска помош и моментално е во болница“, изјави Томислав Ковачевиќ, портпарол на полициската управа.
Полицијата го утврди идентитетот на четворицата учесници во тепачката во Славонски Брод, во која, според неофицијални информации, учествувал и припадник на Х.В., а Министерството за одбрана најостро го осуди инцидентот и побара од Воената полиција да преземе истрага .
Министерството за одбрана споменува дисциплинска постапка доколку се докаже одговорност на војникот.








