Хрватска: Во пиперки увезени од Македонија откриен забранет пестицид

Забранет токсичен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Македонија во Хрватска, соопштено е во средата во европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна.



„Кај пиперките од Македонија откриени се остатоци од пестицидот форматенат. Ризикот е сериозен“, се вели во соопштение.

Форметанат е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук.

Многу земји сè уште го користат, но е забранет во Европската унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето, јави N1.