Украински војници нема да се обучуваат во Хрватска.
Одлуката денеска ја донесоа пратениците во Парламентот, затоа што не беше обезбедено двотретинско мнозинство од 101 претставник за таква одлука. „За” гласаа 97 претставници, а „против” беа десет.
Владејачката партија по двонеделни консултации не успеа да го собере потребното двотретинско мнозинство.
Учеството на Хрватска во мисијата ЕУМАМ предвидуваше пристигнување на околу стотина украински војници на обука во наредните две години. И хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кажа дека е против. Повеќе европски земји ги обучуваат украинските војници.






