Хрватска: Почна затворање на бензински пумпи!

Армандо Миљавац од Здружението на мали трговци со нафтени деривати за ХРТ изјави дека почна затворањерто на бензинските пумпи во Хрватска откако владата во Загреб за уште две недели ги замрзна цените на горивата.



„Моравме. Загубата што ја правиме на таа станица… Тоа е демонстративно затворање за луѓето да разберат дека тоа не е каприц, ние сме во голема неволја. Не само да зборуваме, сакавме да преземеме чекори кои се неизбежни во оваа ситуација“.

Според неговите сознанија затворени се уште 5,6 пумпи.

„Поради недостиг и недостапност на гориво. Нема доволно количества на пазарот, ги немавме досега. Ние како компанија добивме 50 отсто од потребните количини. Се плашиме дека сето ова нема да заврши добро и дека ќе има пореметувања на пазарот“, нагласи тој.