Хрватска на чекор до Шенген

Европскиот парламент со 534 гласа „за“, 53 гласа „против“ и 25 гласа „воздржани“, го одобри пристапот на Хрватска во Шенген.



На 9 декември минатата година, Советот потврди дека Хрватска ги исполнила сите неопходни услови за целосно спроведување на правилата на Шенген.

Европратениците сега го повикаа Советот да го продолжи процесот и да донесе конечна одлука за укинување на граничните контроли.

За да се осигура дека основните права се почитуваат на надворешните граници на ЕУ, европратениците бараат од Хрватска да ги информира Парламентот и Советот за тоа како го имплементирала својот акционен план за управување со надворешните граници на ЕУ.

ЕП долго време се залага за проширување на Шенген зоната, која денес вклучува 26 земји (сите земји-членки на ЕУ освен Бугарија, Хрватска, Кипар, Ирска и Романија, како и Норвешка, Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн, кои не се членки на ЕУ). . Во 2018 година, европратениците рекоа дека Хрватска треба да биде примена во Шенген веднаш штом ќе ги исполни потребните критериуми. На 18 октомври 2022 година, тие исто така ја изразија својата поддршка за непосреден прием на Бугарија и Романија.