Хрватска му забрани приватна посета на Вучиќ на „Јасеновац“

На претседателот на Србија хрватските власти му забранија му забранија приватна посета на некогашниот конц-логор Јасеновац.



Во логорот Јасеновац, според извештаите на независните комисии, биле убиени 700.000 Срби, Евреи и Роми, пишуваат српски медиуми.

„Без официјално известување до хрватските власти, без координација со амбасадата, Вучиќ сакал да ја премине границата од Босна и Херцеговина, односно нејзиниот ентитет Република Српска, и да дојде во Јасеновац околу 11 часот, дознава „Јутарњи лист“

„Од Владата неофицијално изјавиле дека Вучиќ не почитувал никаков протокол, без процедури и правила на дипломатските односи и дека сакал со своите ТВ екипи да ја премине хрватската граница и да предизвика хаос во пресрет на годишнината од операцијата „Бура“ , но дека владата јасно му кажала „не“, пренесува Индекс.хр.

Српската премиерка Ана Брнабиќ реагираше на веста дека хрватската влада ја забранила приватната посета на српскиот претседател на Јасеновац.

„Приватно да го посетите Јасеновац, местото на страдањата пред се за Србите, единствениот детски камп во кој беа убиени најмалку 20 илјади деца… да се каже дека ова ќе создаде хаос…

Тоа да го направи една земја-членка на ЕУ, за мене не е скандал од прв ред, но… Тоа е како да му забраниш на претседателот на Израел да го посети Аушвиц“, рече Брнабиќ.