На граничниот премин Маљевац кон БиХ, хрватските власти вчера поставија метална ограда ,а темели за ограда се поставени и на граничните премини Гејковац и Пашин Поток, објави Министерството за внатрешни работи. Од МВР потсетија дека тоа е согласно Шенгенскиот каталог за контрола на надворешните граници и одредбите од Законот за контрола на државната граница.
Хрватски медиуми поставуваат прашања дали поставувањето на ограда е резултат на информации дека се се очекува нов обид за насилно влегување на мигранти, од БиХ кој се концентрирани во Унско-санскиот Кантон. Од храватското МВР нирту ја потврдуваат ниту ги демантираат овие шекулации пишува „Вечерњи лист“.
Последните десет дена расте бројот на мигранти во Босна и Херцеговина и од почетокот на оваа година имаше повеќе од 9.000 нелегалени влегувања во земјата, објави вчера Советот на министри на БиХ.
Повеќето мигранти доаѓаат од Пакистан (36,3%), Бангладеш (9,2%), Ирак (8,8%), Сирија (8,7%) и Авганистан (7,5%). Само во последните десет дена регистрирани се 743 нови илегални имигранти.
Министерството за финансии како надлежен орган за изградба и одржување на граничните премини, на барање на Министерството за внатрешни работи, соопшти дека граничните премини по правило треба да бидат одвоени со ограда, и нивата непосредна околина треба да бидат технички надгледувани и осветлени.





