Хрватскиот миунистер за одбрана Анушиќ добил задача да воведе еден месец задолжителна воена обука по завршувањето на средното образование, во која сите ќе поминат обука за прва помош, ракување со оружје, нуклеарна и хемиска заштита, пишува Јутарњи лист.
„Во услови на безбедносните закани кои постојат низ светот, не е лошо Министерството за одбрана, од она што е веќе направено во концепт со оние кои доброволно служат војска, да направи одреден исчекор и да го подготви концептот. на пократки курсеви за да може поголем број луѓе да се запознаат со основните вештини што ги немаат помладите генерации“, откри во понеделник премиерот Андреј Пленковиќ.
Се уште не е познато како би изгледал тој концепт. Но, може да се очекува дека ќе се заснова на концептот на основна воена обука, кој во 2017 година сакаше да го воведе тогашниот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ, сега советник за одбрана на премиерот.






