Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ може да пристигне во Хрватска пред таа да биде регистрана од Европската агенција за лекови, објави Јутарњи лист „
Според весникот, кој се повикува на извори блиски до премиерот Андреј Пленковиќ од владејачката Хрватска демократска унија (ХДЗ), пратка од руската вакцина може да пристигне во земјата во следните неколку недели.
Сепак, вакцинацијата со Спутник V најверојатно ќе започне веднаш штом рускиот лек ќе биде регистриран во ЕУ.
„Хрватска ги брани своите интереси и важно е да ја добиеме [руската] вакцина пред Европската агенција за лекови да ја одобри, затоа што тогаш нема да зависиме од нејзината дистрибуција во ЕУ“, пишува Јутарњи.






