Хрватска ќе ѝ даде 14 хеликоптери на Украина

Хрватска започна со операцијата за испраќање 14 транспортни хеликоптери во Украина.
Од вооружените сили се извоени 12 хеликоптери МИ 8 МТВ-1 и два хеликоптери МИ 8 Т, а подготовките за нивно транспортирање се започнати.



Се проценува дека хеликоптерите ќе бидат подготвени за транспорт за десетина дена.

Сите 14 хеликоптери ќе бидат префрлени во Полска, од каде ќе бидат препратени во Украина.

По испраќањето на овие хеликоптери во Украина, на хрватското воздухопловство на располагање ќе му останат десет транспортни хеликоптери МИ 171Ш и четири хеликоптери Блек Хок.