Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ извести дека Државниот инспекторат изрекол 151 казна во вкупна вредност од 234.000 евра на субјекти кои со воведувањето на еврото почнале да се однесуваат според нечесните деловни практики.
Така ќе продолжи, се закани утринава премиерот и нагласи дека Владата потоа има уште „три арсенали“ да се справи со оние кои ги покачиле неоправдано цените откако Хрватска од 1 јануари од куни премина на евра:
Тоа се укинувањето на субвенциите, дополнителните даноци и враќањето на цените на претходно ниво, рече рече Планковиќ и потсети дека минатата година Владата обезбедила три пакети помош во вредност од 3,6 милијарди евра за граѓаните и стопанството.
„Ќе видиме како се однесуваат субјектите“ понатаму, се закани премиерот.







