Хрватското министерство за надворешни и европски работи ги осудува навредливите изјави за Република Хрватска кои директорот на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија Горјан Тозија ги објавува по социјалните мрежи.



„Во телефонски разговор, министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ му укажа на колегата Никола Димитров на овие неприфатливи изјави. Димитров се огради од индивидуалните изјави кои, како што рече, не ја отсликуваат надворешната политика на Северна Македонија.

Соговорниците се согласиле дека овие изјави на Тозија не ја одразуваат вистинската слика за традиционално пријателските односи на двете држави. Побарано е јавно извинување од Тозија заради недозволивите објави.