Хрватска го укинува ДДВ-то за соларни панели

Една од мерките за ублажување на последиците од кризата на Хрватска е и укинувањето на ДДВ-то за инвестициите во соларни панели.



Во време на високи цени на енергијата и извесното поскапување на струјата, ова е уште еден обид граѓаните да се насочат кон обновливите извори на енергија преку долгорочна инвестиција.

Како што објасни Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска, секој што сака да инвестира во соларни панели ќе може да го направи тоа без ДДВ.

„Таму ќе одиме со стапка на ДДВ од 0 проценти. По консултациите што ги направивме во изминатите денови, ова е една нова работа што ја соопштувам денеска“, најави Пленковиќ во август.
Сепак, на патот ќе има околности што ќе ја забават енергетската транзиција, пренесуваат хрватските медиуми.