Хрватската влада донела уредба со кој се определува максималната цена на моторниот бензин на 1,47 евра во период од 30 дена, додека цената на дизелот е ограничена на 1,46 евра.
Како што објасни премиерит Андреја Пленковиќ, ова се прави со цел да ги заштити потрошувачите и тоа и го прави, пренесува „Јутарњи лист“.
„Имајќи го предвид тековниот економски момент, непредвидливоста на цените на нафтата на светскиот пазар и влијанието на цените на горивата врз целокупната економска активност и животниот стандард на граѓаните, со цел непречено понатамошно економско закрепнување, Владата одлучи да ја искористи можноста за стабилизирање на цените на бензинот врз основа на Законот за пазар на нафта и нафтени деривати“, рече премиерот Пленковиќ.







