Хрватската полиција поднесе кривичнипријави против Албанец, Косовец и Украинец за нелегално превезување мигранти од Косово, Ирак и Турција на автопатот Риека – Загреб во последните неколку дена, јави Индекс.хр.



Во петокот на 7 април, косовски државјанин (34) бил запрен додека управувал комбе „Цитроен Џампер“ со италијански ознаки. Во комбето имало девет ирачки државјани. Полицијата утврдила дека возилото не било регистрирано за превоз на патници и дека ги превезувало во нехумани услови.

Ден подоцна, на 8 април, бил запрен 45-годишен Албанец во автомобил „фиат“ со италијански ознаки. Тој превезувал тројца илегални мигранти од Косово.

Во саботата, на 8 април, 37-годишен Украинец со регулиран престој во Хрватска бил запрен на автопатот Риека – Загреб кај Равна Гора. Тој со БМВ со регистарски бтаблички од Риека превезувал тројца ирачки и еден турски државјанин, извести полицијата.

Сите пронајдени илегални мигранти побарале меѓународна заштита, па биле однесени во Прифатниот центар за оние кои бараат меѓународна заштита.

Превозниците се пријавени кај надлежниот државен правобранител и предадени на надзорникот на притворот.