Во последните 24 часа се пријавени 2.421 нов случај на коронавирус, а осум лица починаа, објави денеска Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска.
Бројот на новоинфицирани е поголем од вчера, кога бројот на КОВИД 19 пациенти за прв паст надмина 2.000 објави Хина.
Бројот на активни случаи во Хрватска во моментов е вкупно 11.144, а меѓу нив 825 пациенти се во болница. Има 58 пациенти на апаратот за дишење.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 36.380 лица заразени со новиот вирус корона, а 437 од нив починале.




