Организаторите на синдикалната иницијатива „67 е премногу“ во Хрватска синоќа на полноќ објавија дека собрале повеќе од 600 илјади потписи за распишување референдум, за да се спречи зголемувањето на старосната граница за заминување во пензија на 67 години.
Националната координаторка на Иницијативата Мирела Бојиќ им се заблагодари на сите граѓани кои го дале својот потпис, додавајќи дека тие сфатиле колку е важно за сите ова прашање.
Петицијата почна на 27 април во Загреб.





