Хрватите „на скара“ за 1 Мај, Србите 3 дена во карантин

Директорот на хрватскиот институт за јавно здравје на Хрватска, Крунослав Чапак, вчера соопшти дека граѓаните ќе можат да одат на скара за 1 Мај, но притоа да ги почитуваат мерките против жирењерто на коронавирусот.



„Печење скара е дозволено, но физичката дистанца треба да се почитува. Можете да се дружите во семејството, но не е дозволено собирање на голем број луѓе, бидејќи одредбата за собирање до пет лица е сеуште во сила”, рече Чапак за РТЛ Телевизија.

Се очекува граѓаните да се придржуваат кон сите мерки како што досега покажале свесност и одговорност, поради што е постигнат и овој успех, јави Хина.

Денот на трудот 1 ви мај оваа година граѓаните на Србија ќе го дочекаат во своите куќи поради полицискиот час.

Следната недела, според одликата на Владата во Србија, забрана за движење почнува во четврток 30 ти април во 18 часот и ќе трае до понеделник 4 ти мај во 5 часот.