Маж се обидел да се самозапали вчера пред седиштето на Европската комисија во Брисел јави Франс Прес.



Според полициски извор, станува збор за Хрват кој „сакаше да го привлече вниманието на францускиот претседател“ Емануел Макрон за неговите семејни проблеми.

Тој пред седиштето на ЕК се полил со бензин и извикнал нешто, но брзо бил совладан од обезбедувањето.