Велешанецот Ангелче Николов, кој со автомобил во саботата ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка, се криел во Велешко село открива порталот хроника.мк.
Николов првиот ден од бегството се криел во селото Бузалково со мнозинско албанско население каде имал добри конекции со селаните со кои тргувал со дрва.
Бегалецот монструм се криел во напуштена селска плевна по што добил порака дека полицијата има индиции кај се наоѓа па бил приморан да го напушти селото.
Потоа последните часови се криел во пештера која се наоѓала на патот кон Чашка. Тој преноќил, се греел со оган, но имал недостаток на храна по што се предаде сам на полицијата.
Повеќе детали на хроника.мк
Најчитани вести
Министерката не открива кој ја облекува
Најелегантно облечениот член на владата промовираше ново парче мода (ВИДЕО)






