Владата на вчрашната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести, работените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести, со одредени исклучоци – да се вратат на своите работни места.
Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на влошување и за оние со малигна болест.
За нив ќе треба да се обезбеди потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.
За бремените жени, одлучено е да продолжат да ги користат владините мерки.






