Комисијата за заразни болести при министерството за здравство утринава донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, со исклучок на оние кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста, дознава Телма.
Комисијата соопшти и дека за родителите со деца до 10 години, одлука ќе се носи на следниот состанок на Комисијата.
За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31.12.2020 година, додека продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа.






