Православните верници во Македонија денеска го слават раѓањето на Исус Христос.
Денот на Рождеството Христово е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.
Македонската православна црква утринава со биење на камбаните и со литургии го најави доаѓањето и прославата на Божик.
Верниците за време на празникот се поздравуваат со традиционалната честитка „Христос се роди – Навистина се роди!






