Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, најави дека денеска официјално ќе му предаде бугарски лични документи на Христијан Пендиков.
„Церемонијата“ со која секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“ од Охрид официјално ќе стане бугарски фржавјанин, ќе се одржи во претседателската палата во 14 часот и 30 минути (бугарско време), информираат од прес-службата на шефот на државата.
Во соопштението се наведува дека потпретседателката го потпишала указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.
Секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој е роден Охриѓанец кој од неодамна има бугарска самосвест, Христијан Пендиков, беше нападнат и претепан во Охрид на 19 јануари наводно поради тоа што се чувствувал како Бугарин.
Ден потоа со владиниот авион „Фалкон“ бил пренесен на лекување во Бугарија. Тој беше примен во VMA, каде што беше опериран поради скршена вилица.
Тој во моментов живее во Софија каде доби сопствен стан и обезбедување.
Во Охридскиот суд се уште трае судењето за претепувањето. Обвинети се две лица.







