Христијан Пендиков, кој на 19 јануари во Охрид беше нападнат и претепан, а причината за тоа многумина од двете страни на границата Македонија -Бугарија ја најдоа во неговото „самочуство“ и функција секретар на тамошниот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, не бил од секогаш – Бугарин.



Веста за тапањето, се крена на највисоко ниво и предизвика дипломатски тензии со Бугарија која обвини за кршење на правата на Бугарите во Македонија, а одекнаа и закани за блокирање на преговорите со Европската Унија. Инцидентот го осудија македонскиот и бугарскиот државен врв, а Бугарија испрати владин авион за да го земе Пендиков и да го лекува во Софија.

Пендиков викендов го посетија македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи и неговиот бугарски колега, Николај Милков.

На социјалните мрежи на големо се споделуваат фотографии од него и неговите ставови и политички заложби што ги застапувал пред да стане Бугарин.

Од фотографиите може да се заклучи дека Пендиков бил тврдокорен Македонец и вмровец (активен член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ), кој постојано говорел за „Македонија цела да е“, бил гласен против Преспанскиот договор, викајќи против „предавниците“, споделувал фотографии од револуционерот Гоце Делчев порачувајќи дека „во Македонија се говори само македонски“, барал слобода за „тврдокорните“…