Храбра игра и нов пораз од Украина

Нов пораз во серија од Украина, и тоа со 2:0. Головите беа дело на Судаков во 30.минута и Караваев во судиското продолжение. А имавме игра, имавме и шанси. Но голманот на Украина, Трубин блескаше на голот. Имаше и Столе Димитриевски свои моменти, сепак бадијала. Македонија е поразена па така сега се чини дека е готов нашиот сон дека можеме да се пласираме на ЕВРО 2024.



Сега Украинците имаат десет бода на второто место, но и два натпревари повеќе од Италија која со по седум е израмнета со нашиот национален тим. Теоретски шанси и натаму постојат, ама во ноември ние гостуваме во Рим и ја дочекуваме моќната Англија.