Маж уби 16 годишно девојче и повреди девет други во напад со нож во сиропиталиште во Полска, јавува Ројтерс.
Нападот е извршен синоќа по 21.00 часот по локално време.
Деветнаесетгодишникот влегол во сиропиталиштето во селото Томиславице, во близина на Лоѓ, и со остар предмет ги нападнал неговите жители.
Според полицијата, на лице место починало 16-годишно девојче, а пет лица се хоспитализирани, но нивните животи не се во животна опасност. На лице место е укажана помош на уште четворица.
Напаѓачот бил уапсен во неговата резиденција околу еден час по инцидентот и не давал отпор. При апсењето бил трезен, но полицијата му направила и тест за дрога.
Според непотврдени информации, напаѓачот е поранешното момче на убиената девојка. Тој преку прозорецот влегол во собата на жртвата.
Во моментот на нападот во сиропиталиштето имало 13 лица, меѓу кои и еден вработен.







