две жени загинаа откако беа избодени со нож во средно училиште во јужна Шведска во понеделникот, соопшти полицијата, додавајќи дека е уапсен 18-годишен ученик, јави Гардијан.
Двете жени, на возраст од 50 години, биле вработени во училиштето, се вели во соопштението на полицијата по нападот во средно училиште во Малме, третиот по големина град во земјата.
Локалните медиуми соопштија дека наводниот напаѓач се јавил на бројот за итни случаи за да каже каде се наоѓа и дека го спуштил оружјето и признал дека убил две лица. Тој бил вооружен со нож и секира, јавуваат неколку шведски медиуми.
Осомничениот бил уапсен набргу по пристигнувањето на првата патрола, се вели во полицискиот извештај.
Двете жртви „се пренесени во болница, но нивните животи не можеа да се спасат“, соопштија властите. „Ова е апсолутно страшно“, изјави директорот на училиштето Фредрик Хеменсјо за весникот Aftonbladet.







