Македонија веќе одамна е подготвена за почеток на преговори, но патот до членството е сè уште долг. Јас го гледам како позитивно тоа што висок процент од граѓаните не гледаат друга иднина, освен иднината во рамките на ЕУ, изјави германската амбасадорка во државава Анке Холштајн пред презентацијата на резултатите од „Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2021)“.
Холнштајн подвлече дека има голем континуитет во однос на проширувањето и оти Европската Унија се држи кон она што го кажа во март 2020 година, односно за отпочнување пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, чии патишта, рече таа, се отворени.
Што се однесува до новата германска Влада, додаде Холштајн, таа првпат има посебен параграф за Западен Балкан и го споменува пристапувањето во првото поглавје во однос на пристапните преговори на Македонија и Албанија.
– Се согласувам со тоа дека овој регион е дел од Европа и треба под покривот на ЕУ еден ден да станеме уште поблиски и позбиени. Патот кон тоа не е краток. Ниедна земја која што не е доволно подготвена нема да добие никаква корист од членството. Многу работи мора да се направат. Целосен премин на законодавството на земјата во рамките на законодавството на ЕУ, тој комплет на закони и регулативи на ЕУ, не знам колку е голем, но е значителен и постојано расте. И тоа треба да се направи. Значи, треба во многу области да има договори. Земја која што сака да биде членка мора да биде подготвена и да ги издржи и пазарните притисоци на ЕУ – рече Холштајн.
Целиот текст на следниот линк:
ПОДГОТВЕНИ СТЕ, АМА ПАТОТ Е ДОЛГ Германската амбасадорка беше искрена за нашите преговори со ЕУ





