Откако холандската влада вчерра нареди низа мерки за справување со коронавирусот, голем број граѓани „ги нападнаа“ кофи-шоповите, каде се купува марихуана.
Целта е – да обезбедат резерви пред да се затворат и тие продавници поради итните владини мерки за борба против пандемијата.
Холандската влада вчера во 18 часот нареди затворање на сите ресторани, барови, кафулиња, фитнес центри, сауни, бордели и кофишопови.






