Холанѓанец ѝ одговара на албанска новинарка, која објаснува зошто Албанците не ја пејат македонската химна

Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, ѝ реплицира на новинарката Фатјона Мејдини од Албанија, на која ѝ било тажно и објаснува зошто Албанците не ја пејат химната на Македонија.



„И покрај сите концесии кон соседите на Македонија и внатрешните отстапки, плус инклузивната влада (додека Македонија мораше да ги смени знамето, Уставот, историјата, својот идентитет и сл.), македонските етнички малцинства не се признаваат + има одбивање да се плаќаат даноци, повик за Илирида итн.“, одговара Ван ден Берг на објавата на Твитер од фриленсерот Мејдини од Тирана: „Толку тажно што оваа приказна продолжува да се повторува одново и одново! Албанците од Северна Македонија не ја пејат нејзината химна, бидејќи текстот се смета за неинклузивен и не ги претставува сите етницитети што ја сочинуваат оваа земја“.