Холандскиот парламент синоќа усвои резолуција против отворањето на преговори на Европската унија со Албанија.
Ова беше очекувано, имајќи предвид дека пред една недела Холандија ја извеси Европската комисија дека бара да воведе визи кон граѓаните од Албанија поради криминалните активности на албанската мафија во Холандија.
Со резолуцијата се бара да не се отворат преговори со Тирана во 2019-та година поради немањето прогрес во делот на борбата против организираниот криминал и корупцијата. Според холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, отворањето пристапни преговори со Албанија е избрзана одлука.
Иста таква резолуција беше предложена од опозициската Социјалистичка партија и за Македонија, но таа не помина.
Ова би можело да се протолкува дека парламентот и испраќа порака на холандската влада дека може во Советот на ЕУ да поддржи старт на пристапни преговори со С. Македонија, но не и во пакет со Албанија.




